Србија по голема борба претрпе пораз од Турција во последното коло од групната фаза, со што Србите останаа и без првото место во групата.
Синоќешниот неуспех значеше и дека ривал во четвртфиналето ќе им биде Финска предводена од фантастичниот Марканен, но и евентуален дуел со Германија веќе во полуфиналето, додека двете селекции стигнат до Топ 4 фазата.
„Искрено, не размислувавме на следните противници, бевме фокусирани на мечот, дадовме се за да стигнеме до победата, но за жал не успеавме. Имаме многу проблеми, последни се повредите на Тристан и на Алекса, се боревме, дадовме се од себе, но за жал не беше доволно. Подобро е да загубиме секога кога е помалку болно отколку во продолжението кога веќе се нема право на грешка“, изјави центарот Никола Милутинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

