Србија има вистински кошмар со повредите на овој европски шампионат откако нашиот северен сосед остана без капитенот Богдан Богдановиќ, на синоќешниот дуел со Турција не настапи ниту Тристан Вукчевиќ, а згора на тоа во првото полувреме се повреди и Алекса Аврамовиќ, кој повеќе не се враќаше на теренот.
Селекторот Пешиќ по мечот беше загрижен обелоденувајќи дека станува збор за повреда на петата, но денешниот ден донесе добра вест за Србите. Имено, деталните прегледи покажале дека не станува збор за сериозен проблем, по што Аврамовиќ наскоро би можел да се врати на терените и на натпреварите на својата национална селекција.
Тој денеска нема да тренира, а дополнително ќе биде решено дали утре ќе се врати во тренажен процес. На Србите во прилог им оди што дуелот со Финска го играат в сабота со почеток во 20.45 часот, доволно време за големиот борец да се опорави од лесната повреда и да му биде на располагање на селекторот Пешиќ.
Големи се шансите за осминафиналето Србија во тимот да го има и Вукчевиќ, за кого селекторот обелодени дека не настапил против Турција поради ситна повреда на мускулот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

