Шпанците елиминирани од Евробаскетот, слават Грците, слават и Грузијците

Грција славеше со 90-86 против Шпанија во последниот натпревар од Групата Ц, и успеа да ги исфрли Шпанците од Евробаскетот 2025 уште по групната фаза од натпреварите.

Но, со денешната победа Грците си обезбедија прво место во групата и ривал во првото коло од нокаут фазата ќе им биде Израел. А, плус и обезбедија и на Грузија задржување на четвртата позиција во групата и продолжување на натпреварите на собирот на најдобрите на Стариот континент.

Најдобар во победата на Грците беше Антетокумбо со 25 поени, 14 скока и 9 асистенции, а го следеше Дорси со 22 поени.

Се вчитува...