Скариоло се збогуваше со репрезентацијата на Шпанија: Ќе бидам фан број еден

Искусниот италијански стратег Серџио Скариоло се збогуваше со кошаркарската репрезентација на Шпанија ставајќи крај на една ера исполнета со бројни успеси и медали на најголемите светски натпреварувања.

Подмладената Шпанија овој пат настапот го заврши во групната фаза со што за прв пат по 1995 година бранителот на трофејот не успеава да ја мине првата пречка, но и покрај тоа селекторот верува дека оваа репрезентација ќе се развие во доминантна сила во годините кои следат.

„Секоја љубовна приказна има свој крај, сопругот и сопругата се разделуваат од која било причина, но сепак поминуваат време заедно. Федерацијата и јас имаме деца за кои се грижевме со години, уживавме гледајќи ги како растат од младинските редови до првиот тим. Време е за некој друг.

Никој не е незаменлив. Кога пристигнав, сите ми велеа дека е тешко да се биде подобар, истото ќе го кажат и за оној што ќе дојде по мене, треба да гледаме во иднината со оптимизам.

Иднината е светла, некој друг ќе го води овој тим, им реков на моите играчи да останат недопрени и да го сакаат овој дрес. Да продолжат да веруваат во неверојатната работа на оваа Федерација. Од моја перспектива, не сакам ништо освен врските што ги создадов во овие 15 години, тие се огромни, сега ќе бидам навивач број еден“, изјави Скариоло.

Се вчитува...