Турскиот селектор Ергин Атаман жестоко ги нападна организаторите на Евробаскет 2025 откако ФИБА при кроењето на распоредот за осминафиналето реши токму Турците да го играат првиот меч во Рига, утре во 11 часот.
Вообичаена пракса е победниците на групите да ги имаат последните термини во програмата, но ФИБА неочекувано направи огромна рокада, на што Атаман не остана должен….
„Една работа премногу ми пречи. Ние сме репрезентација што е прва во својата група, што има максимални 5-0 на овој шампиоант, а ни кажаа дека треба да играме во 12 по локално време. Ова е смешно, апсолутно непочитување, тука сме 15 дена и сега ни се кажува дека како победници најважниот меч од елиминациската фаза го играме во 12 часот локално време. Сега и овде гласно им кажувам – нема да ја запрете Турција, ставете да играме и во три часот наутро, нема да не запрете на нашиот пат до медал на овој европски шампионат“, изјави Атаман.
Германија, која исто така беше победник во својата група, осминафиналето ќе го игра во 14.15 часот против Португалија, за 17.30 е закажано соседското дерби меѓу Летонија и Литванија, а утрешната програма во Рига ќе биде заокружена со мечот меѓу Србија и Финска закажан за 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

