Со натпреварот Турција – Шведска кој се игра во 11 часот, почнува нокаут фазата на Евобаскетот 2025 година. Турците важат за огромни фаворити во дуелот со Шведска, и ќе се обидат да дојдат до нова, шеста победа на Европското првенство, откако победија на пет од пет во групната фаза.
Подоцна Германија исто така треба да ја оправда фаворитската улога против Португалија, додека денеска на програмата е и балтичката пресметка помеѓу Литванија и Летонија.
Првите четвртфиналиња денеска се затвораат со мечот помеѓу Србија и Финска.
1/4 ФИНАЛЕ, ЕВРОБАСКЕТ
ДЕНЕСКА:
ТУРЦИЈА – ШВЕДСКА 11:00
ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 14:15
ЛИТВАНИЈА – ЛЕТОНИЈА 17:30
СРБИЈА – ФИНСКА 20:45
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

