Атаман: Ова се случува кога на првопласираниот ќе му закажете меч наутро

Кошаркарската репрезентација на Турција ја „преживеа“ драмата во осминафиналето на Евробаскетот и ја победи Шведска со 85:79.

Пред натпреварот, турскиот селектор Ергин Атаман беше незадоволен од одлуката на организаторите неговиот тим, како победник во групата, да го игра својот осминафинален натпревар порано во 12:00 часот по локално време и 11:00 часот по македонско време, а по натпреварот имаше уште посилна реакција.

„Ако закажете натпревар на тимот што завршил прв во групата наутро, еве што се случува“, рече Атаман по натпреварот.

„Постои нешто што се нарекува телесен ритам. Ова е втората глупост што ни ја прави ФИБА. Неверојатна апсурдност, силно ја критикувам ФИБА. „Тие не ја постигнаа својата цел“, грмеше Атаман.

Се вчитува...