Хаос на Евробаскетот пред мечот Србија – Финска: Дојава за бомба во салата во Рига

Невидена драма пред мечот од осминафиналето во Евробаскетот помеѓу Србија и Финска, која треба да почне во 20:45 часот. Дојава за бомба за момент ја испразни салата, и полицијата не дозволуваше никој да влезе ниту да излезе од неа.

По направени сите безбедносни проверки, безбедносните сили дозволија да се влегува и излегува од истата, и веројатно мечот ќе почне навреме.

„Полицијата ја блокираше улицата. Ситуацијата би можела да потреа до 20 минути. Се извинуваме за оваа непријатна ситуација, и се заблагодаруваме на разбирањето“, наведуваат од ФИБА.

Се вчитува...