Кошаркаскиот клуб Гостивар го донесе последниот странец во екипата за новата сезона. После Американците Маркус Мајер, Џадериус Итмон и Кристијан Кук, гостиварци го ангажираа српскиот интернационалец Кенан Карахоџиќ.
Карахоџиќ во својата кариера настапувал во неколку странски екипи, а беше дел и од Партизан во сезоната 2016/17. Откако минал во младинските категории во Спартак Суботица, на 15-години е забележан и ангажиран од Уникаха.
Во Уникаха останува се до 22-годишна возраст, но главно на позајмици во второлигашки екипи во Шпанија, а потоа и како отстапен настапува во белградските „црно-бели“. Потоа играше за Хуеска, како и за Естела и Марбеља. Последните четири години овој кошаркар ги минал во Хрватска, во дресот на Дубрава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

