Кошаркарската репрезентација на Србија беше шокантно елиминирана во осминафиналето на Евробаскетот од Финска. Пред турнирот, Србите беа поставени како главен фаворит, а против Финците беа исто така голем фаворит според обложувалниците. Коефициентот за победа на Србија беше 1,05, а 12 за Финска.
Сензацијата е главна тема во светот на кошарката. ФИБА, светската кошаркарска федерација, ја објави веста под наслов: „Изненадувањето на векот. Финска ги исфрли Србија и Никола Јокиќ од Евробаскетот!“, притоа дополнувајќи:
„Финска го приреди едно од најголемите изненадувања во историјата на кошарката!“
FINLAND HAS COMPLETED ONE OF THE BIGGEST UPSETS IN THE HISTORY OF BASKETBALL#EUROBASKET pic.twitter.com/4QQrJzkCjV
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 6, 2025
Српските медиуми се критични кон својата репрезентација по овој натпревар. Тие пишуваат за шокантниот пораз како „срам на векот“, а го посочуваат тренерот Светислав Пешиќ како главен виновник. Го обвинуваат дека повторно го потрошил Јокиќ и велат дека е време да се пензионира. По шокот, тој, пак, само коментираше: Што да кажам?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

