Пешиќ по бруката: „Ништо страшно…, се случува“

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ без многу возбудување ја доживеа елиминацијата на својата селекција уште во осминафиналето на Евробаскетот, и покрај тоа што важеше за еден од главните кандидат за златото на турнирот.

Србија доживеа елиминација од Финска…

„Немавме решенија и тоа е факт. Загубивме со 41% за шут. Офанзивниот скок е клучен и ние немавме решение. Имавме некои шанса да победиме и не ја искористивме, не е дека ги потценивме Финците, но тоа е тоа“ – рече Пешиќ и дополни:

„Не ги извртувајте работите. Поразот не е поради лошата атмосфера. Ние претходно не ги добивавме натпреварите поради добра атмосфера, туку поради квалитет. И, ништо не се смени по тоа прашање. Можеме сега да зборуваме што сакаме и да бараме оправдувања, а реалноста е дека за ваков меч, за ваков ритам мораш да си физички топ подготвен. Ние, не бевме на потребното ниво. Но, таков е спортот, ништо страшно, и ова се случува“.

 

Се вчитува...