Кармело Ентони и Двајт Хауард примени во „Куќата на славните“ (ВИДЕО)

Кошаркарските легенди Кармело Ентони и Двајт Хауард официјално беа примени во Куќата на славните на церемонија во Спрингфилд.

Покрај индивидуалните признанија, двајцата беа овековечени како дел од познатиот американски тим од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година кој ги врати САД на тронот по бронзениот медал во Атина во 2004 година.

На листата на овогодишните победници се наоѓаат и иконите на ВНБА, Маја Мур, Силвија Фаулс и Сју Берд, долгогодишниот НБА судија Дени Крофорд, тренерот на Чикаго Булс, Били Донован, и сопственикот на Мајами Хит, Мики Арисон. На церемонијата присуствуваше и Леброн Џејмс.

Хауард емотивно им се заблагодари на своите родители, додека Џејсон Кид евоцира спомени од легендарните дуели меѓу Коби Брајант и Џејмс на тренинг.

Се вчитува...