ВИДЕО: И Јокиќ ги загуби нервите – Збесна на соиграчите!

Србија доживеа неочекувана елиминација од Финска во осминафиналето на Евробаскетот 2025.

Никола Јокиќ повторно беше незапирлив со 33 поени, осум скока и три асистенции, но не можеше се сам против расположените Финци, наспроти индолентните свои соиграчи.

Па, не е ни чудно што Јокиќ во еден момент збесна на своите соиграчи. Вања Маринковиќ, кој играше малку на натпреварот против Финска, му објаснуваше на Јокиќ нешто поврзано со една од претходните ситуации на теренот, на што Јокиќ бурно реагираше извикувајќи „Што да правам?!“, по што демонстративно стана од клупата…

Се вчитува...