Нова сензација – Поранешниот македонски селектор Џикиќ со Грузија ги елиминираше Французите!

Кошаркарите на Грузија ја победија Франција со 80-70 во натпреварот од осминафиналето на Евробаскетот приредувајќи уште една сензација на собирот на најдобрите кошаркари на Стариот континент. Па, во следната рунда Грузијците кои се предводени од поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ ќе играат против Финска, која ја елиминираше Србија.

Торнике Шенгелија и Камар Болдвин беа најефикасни во редовите на избраниците на Александар Џикиќ со по 24 поени. Александар Мамукелашвили пак запиша 14 поени.

Французите со тоа беа уште еден „хартиен“ фаворит за висок пласман кој го заврши натпреварувањето веќе во осминафиналето, како и Србија претходниот ден.

Во осминафиналето, Турците успеаја да ги помине Швеѓаните, со многу мака, и Германците против Португалија, само со фуриозна серија во последниот дел.

Се вчитува...