Дончиќ е „ѕвер“: За една четвртина до 22 поени против Италија

Лука Дончиќ игра четвртина за паметење во осминафиналето против Италија откако големиот ас самиот ги декласира „аѕурите“, постигнувајќи 22 поени во првите десет минути од натпреварот.

Интерсно, Дончиќ ги промаши првите два шута, но потоа влезе во неверојатен ритам, полнејќи го кошот на противникот за огромно водство на Словенија од 29-11.

Дончиќ шутира 3/5 за тројка, 4/4 за два поени и 5/5 од линијата за слободни фрлања… четвртина за паметење што уште долго ќе се прераскажува, особено доколку Словенија успее да слави и да се пласира во четвртфиналето.

Се вчитува...