Италија остана без селектор: Поцеко си заминува од клупата

Џамарко Поцеко повеќе не е селектор на италијанската репрезентација откако самиот објави дека се повлекува од функцијата по вечерашниот пораз од Словенија во осминафиналето од Евробаскет 2025.

Темперaментниот стратег седеше на клупата на националниот тим од 2022 година, кога ја предводеше Италија на ЕП, успевајќи во осминафиналето да ја елиминира фаворизираната Србија. Италијанците потоа испаднаа во четвртфиналето од Франција, на СП во 2023 се најдоа на осмото место, а не обезбедија билет за ОИ во Париз.

„Ова беше мој последен меч како селектор на Италија. Сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата што ми ја даде оваа шанса, од срце сум благодарен за тоа, ми беше чест да ја имам оваа улога во нашата кошарка. Mи беше чест да ги предводам овие момци, им реков и во соблекувалната, нема да најдат селектор што ќе ги сака повеќе од мене. Искрено ми е жал што завршувам со овој пораз, верував во подобар резултат“, изјави Поцеко на прес-конференцијата по натпреварот со Словенија.

Се вчитува...