Грција е последниот четвртфиналист, Израелците не најдоа лек за Јанис

Грција е последниот четвртфиналист на Евробаскет 2025 откако нашиот јужен сосед славеше во осминафиналната пресметка со селекцијата на Израел со резултат . Јанис Адетокумбо очекувано беше предводник на Грците во оваа победа, осигурувајќи билет за четвртфиналето каде за противник ќе ја имаат селекцијата на Литванија.

Грчкиот состав предводен од Јанис моќно го почна натпреварот, во 7. минута имаше предност од 21-12, но Израелците успеаја да намалат и четвртината да ја завршат со негатива од 28-22. Во долг период од втората четвртина се играше егал, но Грција успеа да се одлепи и преку Дорси и Слукас да стигне и до првото двоцифрено водство (50-39). Фаворитот имаше контрола над резултатот, но Израел не се предаваше и во неколку наврати опасно се приближи на резултатски план. Сепак, квалитетот и искуството беа на страната на грчкиот состав, кој на крајот заслужено славеше со конечните 84-79, со цепелинот на Адетокумбо нна две секунди до крајот.

Јанис одигра одличен меч и со 37 поени и 10 скокови беше предводник на грчката репрезентација, каде двоцифрен беше само уште Слукас со 11 поени. Најефикасни во таборот на Израел беа Авдија со 22 и Гинат и Соркин со по 15 поени.

Се вчитува...