Со последниот дуел меѓу Грција и Израел и победата на нашиот јужен сосед сега се познати сите четвртфинални двојки на Евробаскет 2025, на завршницата што ќе се одржи во Рига, Летонија.
Наследникот на Шпанија на европскиот трон („црвената фурија“ воопшто не ја мина групната фаза) ќе биде познат на крајот на следната седмица, а четвртфиналните пресметки се закажани за вторник и среда. Грција за противник ќе ја има Литванија, која успеа да го елиминира домаќинот Летонија, а во вториот меч закажан за вторник Турција ќе ја има фаворитската улога против селекцијата на Полска.
Лука Дончиќ ќе ја предводи Словенија во обид да приреди изненадување и против светскиот првак Германија, а во последната четвртфинална пресметка силите ќе ги одмерат најголемите изненадувања на шампионатот, Финска против Грузија, селекции кои во осминафиналето ги елиминираа фаворизираните селекции на Србија и Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

