Новиот трофеј донесе и џиновски скок на Лина Ѓорческа на ВТА-листата

Лина Ѓорческа оствари огромен успех со триумфот на турнирот во Романија, втор пехар за најдобрата македонска тенисерка во 2025 година што и донесе и огромен скок на ВТА-листата.

Имено, освоените бодови од овој турнир донесоа и скок од дури 43 позиции на рангирањето што беше објавено денеска, на кое Ѓорческа се наоѓа на 239. место на светскиот ранкинг. Врвот очекувано е резервиран за Арина Сабаленка која ја одбрани титулата во Њујорк, а зад Белорусинката се наоѓаат Швијонтек, Гоф и Анисимова, која со пласманот во големото финале стигна до четвртото место.

На машката АТП-листа, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски имаше пад од пет позиции и моментно се наоѓа на 800. место.

Карлос Алкараз е новиот лидер по триумфот на УС Опен, Синер сега е второрангиран светски тенисер пред Зверев на третото место, додека Новак Ѓоковиќ имаше скок од три места и сега се наоѓа на четвртата позиција.

Се вчитува...