Алкараз нема да игра за Шпанија во Дејвис купот

Карлос Алкараз го откажа настапот на претстојниот собир на шпанската репрезентација за Дејвис Купот.

По освојувањето на Отвореното првенство на САД, новиот играч број еден во светот го откажа настапот во Дејвис Купот. Како причина го наведе заморот по американската турнеја. Освен Алкараз, својот настап го откажа и Алехандро Давидович Фокина.

Така, Шпанија ќе влезе во натпреварот против Данска значително ослабена. Алкараз и Фокина беа заменети со Хауме Мунар, Роберто Карбалјес Баена и поранешниот играч од ТОП 10, Пабло Карењо Буста.

Тоа е квалификациски натпревар за групната фаза на Дејвис Купот, а Шпанците и Данците ќе играат во Марбеља на 13. и 14. септември.

Се вчитува...