Јокиќ добива шампионско засилување во Денвер

По Јонас Валанчиунас, уште едно големо име би можело да дојде во Колорадо и да ги засили Денвер Нагетс. Станува збор за членот на Јута Џез, ветеранот Кевин Лав.

Неодамнешниот кошаркар на Мајами Хит беше трејдан во Солт Лејк Сити на почетокот на јули, но малку е веројатно дека ќе ја започне новата сезонаво овој тим. Познатиот американски новинар Марк Штајн доби информација дека петкратниот Ол-стар и шампион од 2016 година бара излез од новиот тим, додека „Денвер пост“ тврди дека неговата следна дестинација би можела да биде Колорадо.

Некогашниот најдобар скокач во најсилната лига во светот сега презеде менторска улога, а неговото влијание врз тимот најмногу се одразува во соблекувалната. Најдобрите натпревари во кариерата ги одигра во сезоната 2011/2012, кога имаше просек од 26 поени и 13,3 скока по натпревар.

Искусниот крилен центар од Калифорнија одигра 952 натпревари во НБА, со просек во кариерата од 16,2 поени и 10 скока по натпревар. Покрај Минесота и Мајами, тој играше и за Кливленд Кавалирс, со кои освои шампионски прстен.

Се вчитува...