Искусниот литвански центар, Јонас Валанчиунас е подготвен за дуелот со Грците во четвртфиналето на Евробаскетот.
Репрезентативецот на Литванија, е полн со самодоверба пред пресметката со Грција во четвртфиналето на Европското првенство.
По триумфот над Летонија, Литванците имаа два дена да се подготват за дуелот со Грците, предводени од еден од најдоминантните играчи на планетата – Јанис Адетокумбо.
„Тие се добар тим со силно оружје во нападот, особено во шутирањето од надвор. Го имаат Јанис, кој е многу силен индивидуално, па затоа мора да направиме добра работа. Подготвени сме, имаме план за игра и ќе го покажеме тоа“, рече Валанчунас.
Новиот кошаркар на Денвер Нагетс рече дека имаат план да го сопрат Јанис, но одби да навлегува во детали.
„Нема да ви кажам. Тоа е планот на играта. Секој тим има свој стил на игра, а ние имаме свој. Ќе излеземе на теренот и ќе ги искористиме нашите силни страни“, рече Валанчиунас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

