Маџари го комплетираше и третиот странски трансфер во пресрет на новата сезона откако дебитантот во Првата лига го потпиша и Американецот Џевон Грин.
Станува збор за плејмејкер со извонредни атлетски способности, со импресивен скок и атрактивни забивања. Тој ја мина ланската сезона во бугарскиот шампионат бранејќи ги боите на Берое, а претходно две години беше дел од Рогашка во Словенија. Грин веќе се наоѓа во Скопје и тренира со екипата, во очекување на дебито за Маџари на претстојните подготвителни натпревари на скопскиот прволигаш.
Маџари претходно ги потпиша и Американците Артис Степлтон и Кристијан Лафајет, а нови играчи во оваа екипа се и македонските сениорски репрезетнативец Амар Хот и Марко Луканоски, како и кадетскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Сапроновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

