Новата сезона во најсилната лига во светот, НБА ќе започне на 2. октомври, а одборот на директори на НБА денеска донесе одлука поврзана со шутевите од далечина на крајот од четвртините.
Промената се однесува на евидентирање на статистиката во случај кога кошаркарите шутираат од далечина на крајот од првите три четвртини. И тоа во последните три секунди. Имено, сите шутеви од далечина од најмалку 11 метри во споменатиот временски период ќе се сметаат како тимски обид, а не како индивидуален, што беше случај досега.
Правилото беше тестирано за време на Летната лига во Лас Вегас, Јута и Калифорнија. Минатата сезона, играчите погодија околу четири проценти од шутевите што ги исполнуваа горенаведените критериуми, според податоците од SportRadar.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

