Турскиот прволигаш Пинар Каршијака е победник на меморијалниот туринр „Боби Петковски“ што во изминатите деонви се одржуваше во Гевгелија. Откако во полуфиналето славеше над Работнички, турскиот тим во големото финале одиграно вчера лесон и убедливо триумфираше над Бора од Косово со 78-59.
Турскиот состав ја најави победата уште во првиот период, во кој оствари позитива од десет поени (20:10), која до крајот на полувремето ја зголеми на 35:22. Екипата од Приштина имаше свои минути во третиот дел од играта во кој анулираа поголем дел од двоцифрениот минус, намалија на достижни (49:55). Но во последниот и решавачки период, Каршијака ја врати предноста изразена со две бројки и дојде до победничкиот пехар, наменет за најдобрата екипа на собирот во Гевгелија.
Третото место на турнирот му припадна на тимот на Работнички, кој во „малото финале“ славеше над домаќионт Кожув со 85-71. Третата четвртина што скопскиот тим ја доби со 29-14 беше клучна за „црвено-белите“ да се одлепат резултатски и да стигнат до посакуваната победа. Хатсон беше во главна улога со дабл-дабл од 20 поени и 10 скокови, Томпсон реализираше 18, а Робев 11 поени за победничкиот тим, додека кај Кожув најефикасни беа Первис со 17 и Хигс со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

