Евролига ќе се игра и во Сараево!?

Кошаркарскиот клуб Дубаи се подготвува за својата прва сезона во Евролигата. Клубот од ОАЕ има петгодишна лиценца од почетокот на ова лето. Сето ова само една година откако беше формиран клубот и откако одиграа една сезона во АБА лигата каде што стигнаа до полуфиналето.

Логистички, на многу тимови ќе им биде тешко да стигнат до Дубаи за гостувања, особено кога се играат две кола за краток период, па затоа идејата е овој тим да игра некои натпревари од Евролигата како домаќин во Сараево, објавува „Спорт центар“.

Планот сè уште е во фаза на развој и за негова имплементација ќе треба да се даде дозвола од клубовите учеснички во Евролигата. Натпреварите ќе се играат во салата „Мирза Делибашиќ“.

Оваа идеја е по препорака на генералниот директор на клубот, Дејан Камењашевиќ кој е роден во Сараево.

Се вчитува...