Кошаркарската репрезентација на Србија не се прослави на Евробаскетот. Србите отидоа во Рига како главни фаворити за златото, а учеството на турнирот го завршија веќе во осминафиналето на Евробаскетот каде беа елиминирани од Финска.
По елиминацијата од Евробаскетот, јавноста во Србија говори за разни шпекулации поврзани со атмосферата во репрезентацијата на нашиот северен сосед.
Од односот на селекторот Светислав Пешиќ со играчите, до проблемите што се појавија за време на првенството, како на паркетот, така и во соблекувалната. Има многу приказни, а сега за прв пат по поразот од Финска, се огласи Алекса Аврамовиќ, кој објави серија фотографии од Евробаскетот на својот Инстаграм со еден збор:
„Тим“, напиша плејмејкерот на Србија.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

