Дали сме способни да стигнеме до европскиот трон по Светското првенство? Не бев дел од тимот на Светското првенство, не почувствував какво е чувството да се освои златото и тронот, но се надевам и верувам дека без оглед на името на противникот, ќе имаме што да кажеме и покажеме во финалето. Многу е важно момците да не бидат под притисок, да играат опуштено, силно, со многу фокус, тоа е начинот да се оствари сонот.Актуелниот светски шампион Германија е првиот финалист на Евробаскет 2025 откако денеска во Рига славеше над репрезентацијата на Финска со 98-86.
За разлика од мечот во групната фаза во кој Финска загуби со 30 поени разлика, денеска Финците му пружија поголем отпор на фаворитот, но немаа сила за нова сензација на Евробаскетот.
Човекот кој го замени Алекс Мумбру на овој шампионат и ги води „панцирите“, Алан Ибрахимагиќ изјави дека се надева дека ќе успее Германија да дојде и до златниот медал.
„Дали сме способни да стигнеме до европскиот трон по Светското првенство? Не бев дел од тимот на Светското првенство, не почувствував какво е чувството да се освои златото и тронот, но се надевам и верувам дека без оглед на името на противникот, ќе имаме што да кажеме и покажеме во финалето. Многу е важно момците да не бидат под притисок, да играат опуштено, силно, со многу фокус, тоа е начинот да се оствари сонот“, изјави Ибрахимагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

