Светислав Пешиќ го напушти кормилото на репрезентацијата на Србија

По големиот дебакл на Евробаскет 2025 и завршувањето на натпреварувањето во осминафиналето по поразот од Финска, кошаркарксата репрезентација на Србија ќе добие нов селектор, откако Светислав Пешиќ потврди дека си заминува од тренерското место.

Иако по враќањето од Евробаскетот изјави дека нема да поднесе оставка, јасно е дека неговиот договор нема да биде продолжен кога ќе истече на 30. септември.

„Дојде време да најдеме нов селектор, кој ќе може да го продолжи она што го започнавме. Му ветив на Човиќ дека целосно ќе ја исполнам улогата што ми ја додели во изборот на нов селектор. Не ме засегаат критиките од луѓе за кои не ми е гајле“, изјави Пешиќ. 

Меѓу кандидатите за негов наследник се Душан Алимипијевиќ и Саша Обрадовиќ.

Се вчитува...