Врвна претстава на кошаркарската репрезентација на Турција во полуфиналето на Евробаскетот 2025 и убедлива победа над Грција од 94-68 за пласман во финалето против Германија!
Турците на неверојатен начин ги „збришаа“ Грците и Јанис Адетокумбо, со лекција каква ретко се гледа во полуфинале на собирот на најдобрите на Стариот Континент. Селекторот на Турција, Атаман на најдобар можен начин му одржа лекција на колегата од спротивната страна Спанулис, повеќе од доминантно водејќи го својот тим во битката за трофејот на ЕП.
„И честитам на селекцијата на Турција, заслужено е во финалето. Тешко е да се опише со зборови што покажавме. Ова беше убедливо најслабата игра што можевме да ја покажеме. Ништо не ни одеше во прилог, ниту дефанзивно, ниту офанзивно. Од друга страна, не сум лут, горд сум на играчите, знам дека се случуваат такви работи, дека има натпревари кога ништо не функционира како што треба. Сега е важно да се смириме и да се свртиме кон натпреварот против Финска, сакаме медал“, изјави селекторот на Грција, Василис Спанулис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

