Врвна претстава на кошаркарската репрезентација на Турција во полуфиналето на Евробаскетот 2025 и убедлива победа над Грција од 94-68 за пласман во финалето против Германија!
Турците на неверојатен начин ги „збришаа“ Грците и Јанис Адетокумбо, со лекција каква ретко се гледа во полуфинале на собирот на најдобрите на Стариот Континент. Селекторот на Турција, Атаман на најдобар можен начин му одржа лекција на колегата од спротивната страна Спанулис, повеќе од доминантно водејќи го својот тим во битката за трофејот на ЕП.
Селекторот на Турција по мечот даде свое мислење за одличната партија на неговите пулени.
„Иако е тешко, мора што побрзо да ја заборавиме одличната игра против Грција, бидејќи ќе мора да бидеме на уште повисоко ниво, ако сакаме, и сакаме злато на Европското првенство. Планот на играта против Германија ќе биде различен, но не се сомневам дека момците што ги водам ќе сторат сè што е во нивна моќ за да го спроведат планот. Секако, верувам дека можеме да ја победиме Германија, дека можеме да стигнеме до европскиот трон, иако сме свесни за квалитетот што го поседува светскиот шампион“, изјави Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

