Актуелниот шампион на Македонија Е. Пелистер очекувано стигна до втор триумф во исто толку натпревари на стартот на новата сезона во ракометната Суперлига на Македонија.
Битолчани денеска на домашен терен беа сигурни против Пролет со 36-24. Уште во првиот дел „пелистерци“ ја покажаа разликата во квалитет па по триесет минути игра имаа позитива од деве погодоци (21-12). Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 36-24. Рудолф Хакбарт со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Давор Палевски постигна седум гола.
До победа, прва во новата сезона стигна и Алкалоид на гостувањето кај Тиквеш. Избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлично во првото полувреме добивајќи го со 9-14. Во вториот дел тимот од Кавадарци не се предаваше, но сепак Алкалоид на крајот успеа да стигне до полн плен 22-24. Дамјан Митев со шест гола беше прво име во таборот на Алкалоид, додека кај домаќините по четири гола постигнаа Мартин Манасков, Коцев и Цветковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

