Ергин Атаман ги собра пофалбите на кошаркарската јавност по извонредната победа над Грција и пласманот во големото финале на Евробаскет 2025.
Трофејниот стручњак вечерва за ривал ќе го има светскиот шампион Германнија, а Атаман не се сомнева дека Турците ќе најдат начин да стигнат до победата и златниот медал.
„Ова финале е многу важно за турската кошарка, клубовите имаа одлични резултати во претходните години, но недостигаше репрезентативен успех по оној во 2010 година. Денеска ќе биде поинаку. Убеден сум дека ќе славиме, јас не сакам да губам финалиња“, изјави Атаман.
Турскиот кормилар потоа гордо изјави дека не се сомнева – дека токму тој е најдобриот тренер во кошаркарска Европа во последните десетина години.
„Некој ќе рече дека е его, но тоа не е его туку реалност – јас сум најдобриот тренер во Европа во последните десет годиин. Кога бев тренер на Галатасарај, Ефес, сега и на Паантинаикос, секогаш стигнував до трофеи и добри резултати. Целта ми е секогаш да сум прв, и во клуб и во репрезентација, а единствената разлика е што сега можам да зборувам и на мајчин јазик додека во клубовите морам да комуницирам на англиски“, истакна Ергин Атаман.
Големото финале меѓу Турција и Германија на програмата е вечерва со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

