„Пешиќ заминува од кормилото, но нема разговори со ниту еден кандидат, камоли фаворити“

Светислав Пешиќ ќе го напушти кормилото на српската репрезентација по фијаското на Евробаскет 2025 и елиминацијата од селекцијата на Финска во осминафиналето од ова големо натпреварување.

Ова денеска го потврди и претседателот на Кошаркарската Федерација на Србија, Небојша Човиќ, кој притоа ги демантираше гласините дека веќе е избранн и новиот селектор.

„Извесно е дека Пешиќ веќе нема да биде селектор, договорот ни беше до 30 септември и истиот нема да биде продолжен. Читам најразлични имиња како кандидати, некои дури и како сигурни фаворити за нов селектор, но ништо од тоа не е вистинито. Немаме разговарано со ниту еден потенцијален кандидат, тој процес ќе го почнеме подоцна“, истакна Човиќ.

Србија отпатува како главен фаворит за златото на Евробаскет 2025, па јасно е зошто на елиминацијата во осминафиналето се гледа како на тоталон фијаско.

„Цела држава е разочарана од овој многу лош резултат, но и тоа е составен дел од спортот. Предупредував уште на 28 август дека немаме право да потцениме инту еден ривал, што се покажа како точно“, изјави првиот човек на српската куќа на кошарката.

Се вчитува...