Турција не успеа да ја помине последната пречка на патот кон долгопосакуваниот златен медал на Европското првенство откако во големото финале одиграно во Рига загуби од Германија во драматична завршница.
Селекторот на турската репрезентација беше видно разочаран по финалниот натпревар со изјава дека победата и златниот медал бил во рацете на Турција, која сепак не успеа да ја исконтролира завршницата.
„Многу говорев на пресконференциите во текот на Европското првенство. Сега ми е тешко да говорам, немам вистински зборови бидејќи ја имавме победата во рака. Во секој случај и честитам на Германија која го искористи фактот дека не успеавме да приредиме крај на натпреварот.
Дали имаше погрешни одлуки во завршницата? Не сакам да давам коментари кога станува збор за одлуките на играчите. Дали сум среќен што Србија и Франција се зад нас? Не сум. Немам ништо позитивно да кажам. Ќе повторам пак, загубиме меч кој беше во наши раце“, изјави Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

