Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумпо ја предводеше репрезентацијата на нашиот јужен сосед до трето место и бронзен медал на Евробаскетот чија завршница се одигра во Рига.
По голема драма Грција успеа да ја преживее неизвесната завршница против Финска и тоа на големо задоволство на НБА ѕвездата чиј сон бил да освои медал со репрезентацијата и најави дека ќе прифаќа повик за репрезентативен настап се додека Василис Спанулис е на чело на тимот.
„Прво сакам да нагласам дека ќе играм за државниот тим се додека Василис Спанулис е селектор. Во прашање е сјаен човек и феноменален тренер. Дадовме се од себе. Два месеца сме заедно, заедно сонувавме медал и кога чувстваме големо олеснување. Можеше ли медалот да биде посјаен? Тешко е да се зборува за тоа, со оглед на тоа што не бевме на посакуваното ниво во полуфиналето.
Во моментов сум неверојатно среќен бидејќи стигнав до мојот прв медал носејќи го националниот грб. Чувството е неверојатно, тешко е да се спореди со успесите во НБА. Се надевам дека ќе бидеме инспирација за децата низ цела Грција. Мојата мајка, децата, браќата ги слават успесите во НБА, а сега цела Грција ќе слави… донесовме радост на нацијата на која и должам толку многу, што навистина сум најсреќен во мојот живот во овој момент, а во исто време се надевам дека ќе доживееме добредојде во земјата што е мој дом и што направи толку многу за моето семејство, што никогаш нема да можам да му го вратам на вистинскиот начин“, изјави Адетокумпо кој беше одбран и во идеалната петорка на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

