Поранешниот француски тенисер Јаник Ноа имаше пофални зборови за најдобрите тенисери на денешницата, Карлос Алкараз и Јаник Синер кој доминираат на сцената.
Според Ноа овие двајца ќе ги надминат и успесите на „големата тројка“ составена од Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер кои водеа макотрпни битки повеќе од една деценија.
„Јас очекуван овие двајца да го надминат тоа што го постигнаа Рафаел Надал, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Пред година и пол говоревме како по големата тројка нема да има никој цела година. Три дена подоцна ги имавме Алкараз и Синер кој играат на извонредно ниво. Јас сум воодушевен од нивото на нивниот тенис. Во еден момент се прашував дали халуцинирам. Нивото беше исто, ако не и поголемо од големата тројка и покрај тоа што овие двајца имаат 22, 23 години. Надал врвот го постигна со 28, 29 години, а овие веќе играат на тоа ниво“, изјави Ноа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

