Џеди Осман не ја заборави и својата Македонија: „Среќен сум што и во мојот Охрид и Македонија со задоволство се пратат моите успеси!“

Турскиот репрезентативец со потекло од Македонија, роден во Охрид, Џеди Осман има зошто да се радува по освоената вицешампионска титула на Европа, и покрај синоќешниот пораз од Германија во финалето.

Џеди беше убедливо најдобриот поединец во редовите на Турција, и покрај разочарувањето поради поразот во финалето, вчера не заборавајќи како и секогаш да ја спомне својата Македонија. Осман по крајот на мечот, меѓу другото, потенцираше дека е среќен што неговите успеси и овој успех на Турција на Евробаскетот 2025 со задоволство се следат и во Македонија.

„Среќен сум што и во мојот Охрид и во Македонија со задоволство се пратат моите успеси и добивам бројни честитки од мои пријатели и роднини од Охрид и Македонија. Јас секогаш максимално мислам и се трудам позитивно да го претставувам и мојот роден крај“ – истакна Осман, кој секако одлично зборува македонски јазик.

Добро е познато дека уште пред пет години на НБА Ол стар натпреварот, Осман настапи со патики и со македонско знаме, покрај турското, и тие од тогаш се постојан негов дел од најголемите кошаркарски натпреварувања.

Џеди Осман, пред три години, венчавката со својата сакана турската актерка Ебру Шахин ја имаа во родниот Охрид, приредувајќи гламурозна свадба на број на Охридското езеро.

Се вчитува...