Селекторот на БиХ удри по кошаркарите кои не играа на ЕП: Клошари, бедници, примитивци

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, Адис Беќирагиќ удри по репрезентативците кои ја одбија поканата.

Од 24 играчи од поширокиот список, само 12 се појавија на подготовките на репрезентацијата во пресрет на Европското првенство.

„Му се налутив на тренерот, не сакам да играм. Каков глушец си. Каков бедник си. Каков патриот си. Му се лутам на тренерот, го напуштам мојот рај, не сакам да играм. Тие се бедници и клошари. Сето ова го кажувам затоа што сум го поминал сето тоа. Можев да се продадам сто пати, сто пати можев да го кажам тоа, но никогаш не го кажаш“, изјави Беќирагиќ. 

И покрај тоа Босна и Херцеговина стигна до осминафиналето каде беше поразена од Полска.

Се вчитува...