Oдлични вести за Акиле Полонара

Италијанскиот кошаркар, Акиле Полонара еднаш го победи ракот, а сега е на пат да го стори тоа и втор пат.

Како што објавува „Кориере дела Сера“, пронајден е донатор на коскена срцевина и наскоро се очекува трансплантација.

„Станува збор за Американка која е 90 проценти компатибилна. Имаше двајца донори, претходно споменатата Американка и едно германско момче. Сепак, тие избраа жена бидејќи можеа веднаш да ја контактираат. Ќе морам да поминам циклус хемотерапија што ќе трае пет до шест дена, а потоа трансплантацијата е закажана за 23 и 24 септември“, рече Италијанецот.

Ќе видиме кога 34-годишниот Полонара повторно ќе се појави на теренот, а ова лето стана член на Динамо Сасари.

Се вчитува...