Германците на шампионска прослава, селекторот Мумбру пак во болница

Германија ја освои втората титула европски кошаркарски првак во историјата, но на шампионската прослава организирана во Франкдурт не се појави селекторот Алекс Мумбру.

Шпанскиот стратег имаше сериозни здравствени проблеми непосредно пред стартот на Евробаскет, успеа да се врати по групната фаза, но  откако стана дека не е целосно здрав за големите предизвици тој во консултации со федерацијата остана да седи на клупата, но улогата на шеф на стручниот штаб му ја додели на помошникот Алан Ибрахимагиќ кој ја одведе селекцијата до златото.

Мумбру веднаш по завршувањето на Евробаскет 2025 се упатил кон Барселона, каде што бил примен во клиника каде ќе остане најмалку 15 дена. Во овој период врз него ќе биде извршен и хируршки зафат што би требало да ги реши проблемите со жолчката што ги имаше одличниот кошаркарски стратег, по што ќе следи и период на целосен одмор и рехабилитација.

Се вчитува...