Кошаркарите на МЗТ Скопје попладнево, без поголеми проблеми, го совладаа тимот на Чаир 2030 со 79-63 (23-23, 20-12, 19-16, 17-12), во третиот подготвителен натпревар пред стартот на новата сезона. Трета победа за „металците“ во третиот меч од подготовките.
Неизвесно беше само во првата четвртина, по што МЗТ ја презеде иницијативата и лесно дојде до посакуваната цел. Најефикасни во победничкиот тим беа Чарлс Гил со 23 поени, Илајџа Мекејден со 18 поени и Андреј Магдевски со 10 постигнати поени.
Следниот подготвителен предизвик за избраниците на тренерот Васко Атанасов ќе биде настапот на турнирот „Андреј Грковски“ во организација на ТФТ, каде што МЗТ Скопје го брани трофејот освоен лани. Во саботното полуфинале „металците“ ќе играат со составот на Тиквеш (17 часот) во СРЦ „Кале“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

