Најдобрата тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленка, нема да игра на ВТА турнирот во Пекинг поради повреда, објавија организаторите на натпреварувањето.
„Арина не се опоравила целосно од повредата што ја здоби за време на УС Опен. И посакуваме брзо закрепнување и се надеваме дека повторно ќе ја видиме во Пекинг“, соопштија организаторите на турнирот во кинеската престолнина.
Минатата година, Сабаленка беше поразена во четвртфиналето на турнирот во Пекинг од Каролина Мухова со 7-6 (7-5), 2-6, 6-4.
ВТА турнирот во Пекинг ќе се одржи од 24 септември до 5 октомври.
Белоруската тенисерка е на првото место на ВТА листата со 11.225 поени и веќе обезбеди место на завршниот турнир во сезоната, кој е закажан од 1 до 8 ноември во Ријад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

