Чеди Осман го пропушта стартот на новата сезона

Чеди Осман, турскиот репрезентативец поради повреда стекната на Евробаскетот на кој ја предводеше својата нација до финалето и сребрен медал нема да му биде на располагање на тренерот Ергин Атаман на почетокот на новата сезона.

Крилниот центар со потекло од Охрид заработи повреда уште во четвртфиналниот натпревар против Полска, но и покрај тоа настапи на следните два натпревари на континенталниот собир, играјќи и 40. минути во драматичното големо финале.

Осман има истегнат лигамент на скочниот зглоб и контузија на косакта и засега не е познато колку ќе отсуства од терените.

Се вчитува...