Лука Дончиќ имаше извонреден настап на Евробаскет 2025 носејќи ја Словенија до четвртфиналето од ова натпреварување. Според многумина, топ-игрите на Дончиќ се должат и на промената во неговиот физички изглед откако суперѕвездата на ЛА Лејкерс во текот на летово ослабе за 14 килограми.
Трансформацијата на телото на Словенецот делува неверојатно, а тој во изјава за американските медиуми откри дека покрај диетата, губитокот на килограми се должи на честото играње тенис во текот на летото.
„Ова ми беше првпат да престанам да играм кошарка. Зедов еден месец одмор од кошарката и се посветив на многу тренинг. Исто така, играв многу тенис, тоа ми помогна да ги намалам килограмите. Секако, се грижев и за исхранната, избегнував глутен и шеќери, визуелно телото целосно ми се промени и се чувствувам одлично поради тоа. Ако запрам сега, се ќе биде попусто. Ова лето беше специјално бидејќи бев мотивиран да станам уште подобар. Беше ситуација „сега или никогаш“, среќен сум што го донесов вистинскиот избор“, открива Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

