Српскиот суперталент испиша историја со Барселона

Новиот српски кошаркарски бисер, Никола Кустурица, испиша историја како најмлад дебитант во историјата на првата екипа на Барселона.

Каталонскиот гигант синоќа играше котнролен меч со Андора на кој во игра влезе и српскиот тинејџер, кој на возраст од 16 години, 4 месеци и 17 дена уривајќи го рекордот на листата на најмлади дебитанти во историјата на трофејниот кошаркарски гигант.

Кустурица летово ја предводеше кадетската репрезентација на Србија до титулата на ЕП , привлекувајќи го вниманието на бројни НБА-скаути кои му предвидуваат на големиот кошаркарски талет блескава иднина.

Се вчитува...