Првото дерби во новата кошаркарска сезона ќе се одигра во Скопје

Во просториите на кошаркарската федерација на Македонија денеска без извлечени паровите за првото коло во новата сезона кое започнува на 4. октомври.

Првото дерби во новата сезона ќе се одигра во Скопје во кое силите ќе си ги одмерат Работнички и Пелистер, додека бранителот на трофејот, екипата на МЗТ Скопје силите ќе си ги одмери со дебитантот Маџари на гостински терен.

Покрај овие два натпревари ќе бидат одиграни и средбите помеѓу: Феникс 2010 и Ангели, Чаир 2030 и МКК Куманово, Кожув и ТФТ, и Гостивар – Тиквеш.

Како потсетување, стартот на сезоната 2025/26 ќе го одбележи Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ кој ќе се одржи од 28.09 на СРЦ „Кале“. Во машка конкуренција силите ќе си ги одмерат МЗТ Скопје и Кожув, додека во женската конкуренција ни престои новата битка за трофеј помеѓу Вардар и Баскет Кам.

Се вчитува...