Ѓорческа без проблеми до четвртфинале во Куршумлијска бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа без проблеми се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Куршумлијска бања.

На фјучрсот во Србија нашата тенисерка во осминафиналето без проблеми славеше против Русинката, Анастасија Злотарева со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-3.

Во четвртфиналето Ѓорческа за противник ќе ја има подобрата од дуелот меѓу Австријката, Лили Тагер и Хрватката Тена Лукас.

Се вчитува...