Турција играше големо финале на Евробаскет 2025 благодарение на фантастичниот Османи, кој во полуфиналето не само што изненадувачки беше најефикасен во турскиот табор, туку и убедливо најдобро од сите на овој европски шампионат успеа да го запре Јанис Адетокумбо.
Кошаркарот на Ефес како аграда за тоа импресивно издание доби ексклузивен часовник Ролекс, и тоа од најголемата ѕвезда во турскиот табор, центарот Алперен Шенгун.
Како што информираа турските медиуми, Шенгун му ветил на Османи ваков подарок доколку го задржи Јанис под 20 поени, а ако се знае дека „грчкиот ѕвер“ реализираше прескромни 12 поени, јасно е дека „премијата“ е и повеќе од заслужена.
„Ветено, исполнето“, напиша Шегнун на објавената фотографија на својот инстаграм профил, заедно со репрезентативниот колега и часовникот „Ролекс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

