Алкалоид и Е. Пелистер одиграа без победник (33-33) во дербито на 3. коло од Суперлигата на Македонија. Алкалоид водеше во текот на целиот натпревар, на моменти и со четири гола разлика, „пелистерци“, пак, ниту еднаш во текот на мечот не израмнија но постигнаа гол во последната секунда што им донесе бод.
Во последната минута од средбата Борзаш погоди за 33-31 за Алкалоид, но откако Е. Пелистер намали на 33-32, Алкалоид погреши во последниот напад на 15 секунди пред крајот.
Па, на гостите им останаа седум секунди за последен напад. И во последниот напад Хосни погоди буквално во последната секунда за конечни 33-33….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

